Macedonian

Ванматерична Трудноќа. Често поставени прашања од пациентките и нивните партнери кој имале ванматерична трудноќа.

1. Дали пак ќе се случи истото?
Ако еднаш сте имале ванматерична трудноќа(ВМТ)вашиот ризик за повторно да се случи се покачува за 10%.Се на се ризикот во целина е 1%-2%.

Важно е да се забележи дека шансите за нормална трудноќа после ВМТ се многу подобри.Варира измеѓу 50-80%.

2. Кој ми се шансите да следната трудноќа ми биде нормална?
Се на се шансите за нормална трудноќа варираат од 50-80% Ако сте имале третман за вештачко оплодување ризикот е понизок,затоа што едноставно ризикот за ВМТ и спонтани абортуси во оваа група на пациентки е многу поголем.

Ризикот после вештачко оплодување е покачен четири пати.Но кога трудноќата е добро утврдена обично после првиот триместар(3 месеци),шансите да го доносите бебето до полн термин се исто така добри како кај сите други трудници.Ризикот од БМТ не ја прави вашата трудноќа,пороѓајните болови и самиот пороѓај повеќе комплицирани.Немате потреба да рутински одите кај вашиот обстетричар само затоа што претходно сте имале ВМТ.

3. Кога ќе престанам да крварам?
Крварењето после ВМТ е нормално.Причината за крварењето е лупење на слузокожата на матката и не би требало да трае подолгу од нормална менструација.

Меѓутоа е молжно малку да се продолжи.Ако сте загрижени за било што одите да се советувате со вашиот доктор.

4. Кога можам поново да покушам да затруднам?
Не постојат никакви докази дека ризикот се покачува ако затрудните многу бргу после ВМТ.Ако сте имале третман со Метотрексат( анти канцерозна терапија)

препорачливо е да се чека најмалку 3 месеци пред да покушате да затрудните,затоа што овој специфичен лек има шанса да му нашкоди на плодот во најраната фаза на развиток.Препоручливо е да се употребува сигурна форма на контрацепција додека се чека.

5. Докторот ми рече дека сум имала салпинготомија,Што значи тоа?
Салпинготомија е операција каде хирургот прави рез(засек) на јајоводот и кроз тој рез ја одстранува ванматеричната трудноќа,и дефектот се остава да се излечи.

Што значи тубата останува цела .Ништо не се одстранува.Оваа операција им се препоручува на пациентките на кој другиот јајовод им е дефективен .

6. Кога ми правеа операција целиот лев јајовод ми го одстранија.Дали ќе имам повеќе шанси ако ми оставиа само дел од јајоводот?
И покрај тоа што делува по логично,без разлог дали дел од јајоводот или целиот јајовод е одстранет во текот на операцијата,резултатите се исти.Бројот на успешни пороѓаи е ист.

7. Мојата ВМТ перфорира(прсна)и ми направија абдоменална операција,а не Ки хол(лапаратомија).
Со лапароскопија резот е многу помал од класичната абдоминална инцизија,и престојот во болница е многу пократок.Но не постојат никакви потврди дека едната е посупериорна од другата во смисол на следователните трудноќи.

8. Кога ќе ми се поврати менструацијата?
Ако сте имале нормална менструација пред да забремените,тогаш можете да очекувате да добиете менструација за 4-6 недели.Ако менструацијата ви била не регуларна порано тогаш ќе има разлика.Ако планирате да затрудните а уште не сте добиле менструација,тогаш треба да се советувате со вашиот доктор.

9. Што да правам ако сум Резус Негатив?
Ако оваа ви е прва трудноќа траба да ви се даде Анти-Де инекциа во токот на првите 3 дена од трудноќата интрамускуларно.Ако не сте сигурни која сте крвна група ,прашајте го вашиот доктор .Крвната група и резусот се проверуваат рутински во текот на лечењето на ВМТ.

10. Што можам да направам да превентирам консеквентна ВМТ?
Ништо не можете да правите да превентирате ВМТ.Нема никакви потврди дека било кои лекови се ефикасни .Одстранување на јајоводите исто така нема потврдена ефикасност.Ако се сомневате дека имате инфекција контактирајтего вашиот доктор затоа што мора веднаш да се лечите.Ако затрудните за време на инфекцијата важно е да знаете дека имате опасност од ВМТ.Многу е важно инфекцијата да се дијагнозира на време.Најефикасен метод за превенција на трудноќа е употреба на контрацепција.Исто така може да се намали ризикот со употреба на кондом.

11. Дали можам да употребувам интраутерина контрацепција(спирала)?
Потполно е безбедно да се употребуваат спирали(и бакарна и мирена спирали се безбедни да се употребуваат ако сте имале претходно ВМТ.Ако спиралите не бидат ефикасни кај вас шансите за ВМТ се покачуваат.

12. Дали можам да ја употребувам мини-пилулата?
Можете да ја употребувате мини-пилулата после ВМТ.Ако правилно ја употребувате ,е ефикасна во превенција на трудноќа.Ако сте насклони да заборавите да ја земете пилулата на време тогаш овој метод на контрацепција не е поволен за вас.Со употреба на оваа пилула не ви се покачуваат шансите за консеквентни ВМТ.

13.Дали моето следно бебе ќе биде абнормално?
Ако сте имале ВМТ тоа не ве става во ризична ситуација да имате не нормална трудноќа.Ако сте се лечеле со Метотрексат(анти канцерозна дрога)треба да чекате најмалку 3 месеци да затрудните.Ако затрудните во текот на трите месеци тогаш треба да се консултирате со специјалист кој ќе ви направи тестови и ќе ви даде информации за кој тестови и избори ви се отворени на вас во оваа ситуација.

14. Што да правам ако трудничкиот тест е позитивен?
Многу е важно да барате докторски совет кога сте околу 5 недели трудни.Вашиот доктор може да ве упати во локалната болница за да ви направат ултрасаунд.

Многу осигурувачки делува ако можете да ја уверите пациентката дека оваа трудноќа е нормална во смисол на локализацијата на плодот.

15. Дали ќе треба да ми прават царски рез?
Нема никаков доказ дека треба да се перформира обавезен царски рез на пациенти кој претходно имале ВМТ.Ако вие сами се одлучите да имате царски рез тогаш шансите за ВМТ се малку покачени затоа што има малку поголема опасност да се добие инфекција после царски рез,него после нормален пороѓај.